Временска прогноза

Наутро облачно, попладне ќе преовладува сончево време

13.02.2023 08:52

Времето денеска, ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови, од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време...

Денеска наутро, времето ќе биде умерено до значително облачно, особено во западните делови. Од претпладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од - 6 до 12 степени.

Во Скопје времето наутро ќе биде со умерена облачност, а во текот на денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 8 степени.