Прилеп бара спортските сали да проработат
Малку останало од епитетот Прилеп-спортски град, особено што со децении е без спортски сали. Спортските клубови, здруженија и граѓани поткренаа иницијатива. Агенцијата за млади и спорт да посредува и да помогне градот да стави во функција барем една од големите сали. Освен спортски ќе има и економски придобивки...

Прилеп е на маргините со спортски објекти. Со децении нема ниту една спортска сала. Универзалната кај Тутунскиот комбинат 10-тина години е нефункционална, а двојно повеќе салата „Македонија“, која од пожарот пред три децении не се врати во вистинска функција. Спортските клубови, здруженија, граѓаните, со иницијатива: Агенцијата за спорт и млади да помогне, да посредува меѓу ЈП за станбен простор кое стопанисува со Универзалната и локалната самоуправа која би ја ставила во функција.
Бенефитот би бил огромен. Не само спортски, туку и економски.
Градот ветува за брзо да ја стави во функција Универзалната сала. Ситуацијата е комплицирана со салата „Македонија“ која е под Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.
Од Агенцијата за млади и спорт покажуваат подготвеност за соработка.
Елизабета Митреска
