Засади ја својата иднина

27.11.2013 10:13

Снежната покривка во Скопје и околината не беше пречка за голем број ентузијасти да излезат на терен, да ги земат лопатите и да ја засадат својата иднина. оваа година се пошумува на 400 локации, а ќе се засадат 5 милиони дрвца. 

Засади здравје, засади здрава иднина, под овој слоган се одбележа 12-та традиционална работна акција денот на дрвото. од рано наутро масовно се садеше низ цела македонија.

 -Докторите велат дека четири дрва обезбедуваат кислород за еден човечки век, тогаш горди сме да си признаеме дека со зададување на 40 милиони дрвца преку акцијата денот на дрвото сме обезбедиле кислород за 10 милиони граѓани изјави Кристина Николоска лидер на кампањата.

Даб, јасен, костен, орев, смрча, багрем – широк е изборот на сортни дрва. премиерот и министрите на терен, заедно со локалните власти на скопјани им оддржаа лекција како се сака зелена Македонија.

Сепак не е само да пошумиме по планините и ридовите, треба да обрнеме внимание и да дадеме акцент на овој дел од градот скопје. затоа  засадивме 80 квалитетни дрва набавени од Холандија, вели градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

 Снегот не е воопшто лош кога се пошумува. не садиме цвеќиња, туку садиме дрва. дрвото сака влага, времето е идеално Жарко Караџоски – директор на ЈП “Македонски Шуми”изјави директорот на Македонски Шуми Жарко Караџоски.

Акцијата стартуваше на оголените, ерозивни или од пожар уништени ридови, а се садеше и покрај езерата и густите градски населби .

досега се посадени 45 милиони садници од кои заживеале 70%. Пет илјади хектари гола површина со новите садници ќе добијат нов лик.

Анита Димитријевска