Собранието ќе ја одржи 103-та седница
На дневен ред на денешната 103. седница на Собранието е Предлог-законот за данок на солидарност. Со него се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка...

На дневен ред на денешната 103. седница на Собранието е Предлог-законот за данок на солидарност. Со него се предвидува воведување на данок за солидарност за 2023 година како еднократна, вонредна и привремена јавна давачка.
Според предлогот, обврзник за плаќање на овој вид данок е обврзникот на данокот на добивка согласно Законот за данокот на добивка, кој во 2022 година остварил вкупен приход поголем од 615.000.000 денари.
На седницата дел од дневниот ред се предлог-одлуки од повеќе области, меѓу кои и за распишување јавен оглас за назначување претседател и членови на Советот за граѓански надзор, на одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и предлог – одлука за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човекови права, полициското право и правосудството за механизмот за граѓанска контрола во состав на народниот правобранител.
Дел од дневниот ред се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Македонија и на Законот за финансиските друштва, како и повеќе барања за давање автентично толкување, меѓу кои и за член 116 од Законот за основното образование.
Пратениците треба да расправаат и по предлог-законот за ратификација на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Јапонија.
