Тлото не мирува, последователни потреси се регистрираат секојдневно
Сеуште зголемува бројот на загинати во земјотресот, спасувачките екипи успеале да извлечат жена којашто минала таму 170 часа под урнатините. Тлото и натаму не мирува, последователни потреси се регистрирани секојдневно...

Постојано расте бројот на загинати во земјотресот, којшто ги погоди Турција и Сирија. Потрагата по преживеани трае веќе осми ден.
Спасувачките екипи успеале да извлечат жена којашто минала таму 170 часа под урнатините. По обновувањето на пистата на аеродромот „Хатај“ оттаму е изведен првиот евакуациски лет кон Истанбул. Зимските временски услови им го отежнуваат секојдневието на жителите во погодените подрачја.
„Ноќе е минус 22 степени. Ќе се обидеме да преживееме до пролет“, изјави жител.
„Спиеме во кал, заедно сме со 3-4 фамилии. Нема доволно шатори, па седиме заедно“, изјави жител.
„Се плашиме дека ќе се рашират болести. Немаме друг избор. Се случи тоа што се случи“, додаде друг жител.
Драматично и во Сирија. Спасувачките акции ги предводат таканаречените „Бели шлемови“, таму веќе стигна првата пратка помош од Европската Унија и од Обединетите Нации.
Тлото и натаму не мирува. Последователни потреси се регистрирани секојдневно.
Маја С.Филдишев
