Македонија
Ден на жалост, почит кон жртвите во земјотресите во Турција и Сирија
13.02.2023 09:57
Владата на вчерашната седница го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во Македонија...

Владата на вчерашната седница го прогласи денешниот ден за Ден на жалост во Македонија. Одлуката е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција и во Сирија, на 6-ти февруари 2023 година.
Согласно таквата одлука, радиодифузерите треба соодветно да ја прилагодат програмата и да емитуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на ден на жалост.
