УЈП со предупредување до граѓаните
Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички...

Управата за јавни приходи ги информира граѓаните дека вчера и денеска, непознат испраќач користејќи го логото на УЈП, преку СМС пораки се обидел да наведе граѓани да споделуваат лични и податоци од дебитни и кредитни картички.
УЈП апелира да не се отвораат овие СМС пораки и да не се отвора линкот, а доколку некој го отворил линкот, да не ги пополнува полињата во кои се бараат лични податоци од граѓаните, затоа што истите можат да бидат злоупотребени.
Од Управата за јавни приходи се преземаат сите неопходни активности за справување со конкретната ситуација.
