Oпштина Штип ја одби поддршката на Mинистерството за култура за Макфест
Општина Штип целосно ќе го обезбеди буџетот за овогодишното издание на Макфест, откако Министерството за култура за фестивалот предвиде минимална финансиска поддршка. Понудената сума е понижување на македонската естрада и на Штип како домаќин на Макфест – смета градоначалникот на Штип...

Од шест милиони денари за Макфест, од пред неколку години, втора година Министерството за култура за фестивалот одвојува само околу 400 илјади денари и втора година, Општина Штип ја одбива оваа поддршка. Ова е обид за згаснување на фестивалот заради политички реваншизам, смета градоначалникот Иван Јорданов градоначалник на Штип.
Како и минатата и оваа година Општина Штип ќе обезбеди средства за Макфест, кој лани чинеше околу шест милиони денари.
Подготовките за Макфест се во тек. Конкурсот за избор на композиции е отворен до 10 април, а фестивалот ќе се одржи во втората половина од октомври.
Славица Величковска
