Доделени награди на четворицата избрани во ДПМ
Доделувањето на овогодинашните награди во ДПМ за 2022 започна со перформанс и едноминутно молчење во чест на настраданите во Турција и Сирија...

Доделувањето на овогодинашните награди, почна со перформанс и едноминутно молчење за настраданите во Турција и во Сирија. Акцијата за финансиска поддршка ја организираше друштвото на писатели на Македонија во соработка со писателот Андоновски. Тој на ликовни платна, испиша петнаесет одбрани авторски реченици-пораки, истите ќе бидат понудени на аукција на фирми во Скопје и пошироко.
Средствата кои ќе се соберат ќе бидат донирани за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија.
Венко Андоновски, за делото „Папокот на светлината“, Зоран Пејковски за „Убавите жени“, Соња Стоименска-Елзесер за „Книжевен бинокулар“ и Ели Маказлиева за делото „Чудесен дар во годишен календар“, се четворицата наградени во Друштвото на писатели на Македонија за 2022 година. Друштвото се соочува со финансиски и кадровски проблеми, вели претседателот Петрески.
На церемонијата се прогласени и тројца нови почесни членови на ДПМ, Златко Крамарич од Хрватска, Ала Шешкен од Русија и Ана Багрјана од Украина.
Александра Максимовска
