Пекинг му ја префрли топката на Вашингтон
Лани американските балони незаконски летаа над Кина повеќе од 10 пати без одобрение од кинеските власти, изјави портпаролот на дипломатијата. Овие балони на висока надморска височина го прелетале нејзиниот воздушниот простор. Сега се случува токму спротивното...

Лани американските балони незаконски летаа над Кина повеќе од 10 пати без одобрение од кинеските власти, изјави портпаролот на дипломатијата. Овие балони на висока надморска височина го прелетале нејзиниот воздушниот простор. Сега се случува токму спротивното.
„Ненамерното влегување на кинески цивилен воздушен брод без екипаж во воздушниот простор на САД беше случаен инцидент предизвикан од виша сила. Кина во неколку наврати ѝ ја објасни ситуацијата на американската страна, но американската страна инсистираше на употреба на сила, претерано реагираше и ја ескалираше ситуацијата, кршејќи го духот на меѓународното право и меѓународната пракса. Сега дополнително ја користи ситуацијата како оправдување за незаконско санкционирање на кинеските претпријатија и институции. Кина силно го отфрла и жали ова. Кина ќе ги преземе неопходните мерки за одлучно да ги заштити легитимните права и интереси на кинеските претпријатија и институции“, изјави Ванг Венбин, портпарол на кинеското МНР.
Според Ванг не е невообичаено САД илегално да навлезат во воздушниот простор на други земји и дека Пекинг одговорил на упадите на „одговорен и професионален“ начин.
Во неделата, САД наредија да се урне беспилотната „октоагонална структура“ во Мичиген во близина на канадската граница, четвртиот ваков објект соборен во осум дена.
„Во светлината на балонот на Народна Република Кина што го соборивме минатата сабота, повнимателно го проверувавме нашиот воздушен простор на овие височини, вклучително и подобрување на нашиот радар, што барем делумно може да го објасни зголемувањето на објектите што ги откривме изминатата недела“, изјави Мелиса Далтон, помошник секретар за одбрана на САД.
Првиот инцидент со балон го натера американскиот државен секретар Блинкен да го откаже планираното патување во Пекинг, нарекувајќи го кинеското шпионирање неприфатливо.
Марина Ристова
