Франција

Четврти протест против планираната пензиска реформа

13.02.2023 15:32

Речиси милион луѓе на протести низ Франција против реформите во пензискиот систем, со кои старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години...

Речиси милион луѓе на протести низ Франција против реформите во пензискиот систем, со кои старосната граница за пензионирање се зголемува од 62 на 64 години.

Според француското МНР, 963.000 лица учествувале во демонстрациите низ земјата, а 93.000 од синдикатите, тврдат дека во главниот град протестирале 500.000 луѓе. Протестите во Париз биле главно мирни, делумно нарушени со помали судири, при што полицијата употребила солзавец и шок-бомби во обид да се растераат дел од порадикалните демонстранти.

Ова е четврти пат синдикатите да се мобилизираат против плановите на центристичката влада да ја зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.