Албанија
Подметнат експлозив уништи хотел во Саранда
13.02.2023 16:39
Во јужниот албански приморски град Саранда е целосно уништен хотел со експлозив...

Во јужниот албански приморски град Саранда е целосно уништен хотел со експлозив. Оштетени се и најмалку 20 други деловни објекти. Експлозијата била снимена со безбедносни камери.
Полицијата истражува, а албанските медиуми шпекулираат дека е можно експлозивот да бил подметнат во рамки на пресметките на двајцата сопственици на хотелот кои се со нарушени односи и се судат околу сопственоста на хотелот „Бизанти“.
