Тужби за затворање на Центарот за македонски јазик
Од движењето велат дека ова се постапки со кои се продолжува потиснувањето на правата на Македонците во Грција...

До денес, вкупно девет тужби од разни организации се поднесени со цел да се поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Грција, лоциран во Лерин, велат од Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права. Подносители се пред сè политички партии, како и Јавен обвинител од Лерин. Од движењето велат дека ова се постапки со кои се продолжува потиснувањето на правата на Македонците во Грција.
Центарот за македонски јазик во Грција нуди бесплатни часови преку интернет за ученици од сите возрасти кои сакаат да го подобрат своето знаење или да го научат мајчиниот македонски јазик.
Центарот работи и на воведување на официјалната изучување на македонскиот јазик во училишната програма во Грција, во согласност со меѓународните стандарди за заштита на човековите права.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права ја повикува меѓународната заедница да испрати соопштенија за одбрана на основните човекови права на Македонците.
