Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

14.02.2023 08:29

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а на североистокот ќе биде значително облачно. Ќе дува умерен ветер, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Температурата ќе се движи од минус 5 до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од минус 2 до 10 степени.