Влада

Седницата за реконструкција на Влада продолжува денес

14.02.2023 09:05

Во Собранието вчера, започна расправата за предлогот за реконструкција на Владата на Ковачевски...

Во Собранието вчера, започна расправата за предлогот за реконструкција на Владата, со кадри од Алијанса на Албанците како нов коалициски партнер на власта, на место на Алтернатива која после една година ќе излегува од владината структура.

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кажа дека нема да ја поддржат реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство. Седницата ќе продолжи денес напладне.