150 санкционирани возачи во Скопје: 11 без возачка
На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден, продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон при возење, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.
