Украинската армија го стега обрачот околу упориштата на бунтовниците

05.05.2014 10:33

Украинската војска нападнала контролен пункт во Константиновка. Градот е во пламен исклучени се уличните светла...

Претставниците на украинскиот радикален Десен сектор и самоодбраната на Мајданот синоќа ја опколија зградата на полицијата во Одеса, протестираат против ослободувањето на 67 проруските сепаратисти. Украинската армија го стега обрачот околу Славјанск, Одеса и другите градови-упоришта на бунтовниците. Блокирани се главните патишта до повеќе градови. Украинската војска нападнала контролен пункт во Константиновка. Градот е во пламен исклучени се уличните светла, а возилата на националната града се упатуваат кон Доњецк, изјавил претставник на прес службата на Доњецката народна република.  Медиумите јавуваат дека стравот и тензијата кај жителите ратсе.  Луѓето се подготвуваат за војна.

„Ова е сценарио на старите украински сили, на поранешните власти, кои не сакаат да ја изгубат позицијата и богатството кои го имаат. Дел од нив ја напуштија земјата но го оставија своето богатство и сега од страна сакаат да управуваат. Но народот е свесен за тоа“, изјави градоначалникот на Одеса, Игор Коваленко.

„Одеса уште еднаш покажа дека е украински град и дека отпорот на овие граѓани не може да се скрши лесно“, изјави Димитри Роговски, активист на Десен сектор.

Во меѓувреме продолжуваат обвинувањата на релација Киев-Москва. Привремениот претседател Турчинов во телевизиско интервју изјави дека Русија е во војна со Украина и дека се обидува целосно да ја дестабилизира состојбата. Привремениот премиер Арсениј Јацењук, порача дека оружените сили ќе продолжат со борбата против тероризмот и нема да отстапат од своите намери. Германскиот министер за надворешни работи Штајнмаер повика на организирање втора межународна конференција за кризата.

 

Марија Петковска