Свети Валентин масовно се обележува меѓу младите
Свети Валентин, пак повеќе се слави во католичките земји, но последните две децении, кај нас масовно се одбележува меѓу младите, како ден на вљубените...

Ако е во виното вистината, во љубовта е иднината. Младите повеќе внимание му обрнуваат на Свети Валентин, а подароците се неизбежен дел на овој ден, тие ја симболизираат љубовта која треба да трае.
Младите преферираат да купуваат срциња, букети од бонбони и цвеќе, суштината на двата празника е во љубовта и почитувањето, велат граѓаните.
За денот на вљубените, во светот се продава рекордна количина на цвеќе. Една ружа купена од цвеќарница во Македонија може да е одгледана во Еквадор, пренесена со авион на најголемиот цветен пазар во Холандија, транспортирана до македонскиот аеродром и чувана во ладилник да не овене.
Денот на вљубените, треба да е финансиската жетва на бизнисот со цвеќе, сепак трговците не сакаа да зборуваат пред нашата камера, но се пожалија дека освен за празници, кога се купуваат букети, граѓаните се помалку практикуваат да купуваат цвеќиња.
Александра Спировска
