Нов Зеланд

Вонредна состојба во Нов Зеланд

14.02.2023 13:42

Вонредна состојба во Нов Зеланд поради циклонот Габриел кој предизвика поплави, свлечишта и огромни бранови низ Северниот остров...

Вонредна состојба во Нов Зеланд поради циклонот Габриел кој предизвика поплави, свлечишта и огромни бранови низ Северниот остров. Блокирани се патишта, уништени се мостови.

Без струја се околу 225.000 луѓе. Најголема штета има на северниот и на источниот брег. Вонредна состојба беше прогласена само два пати претходно – по земјотресот со јачина од 6,3 степени во Крајстчерч во 2011 година и во пандемијата на коронавирус.