Црвен крст

Хуманитарна пратка за настраданите подрачја од земјотресот

14.02.2023 14:13

Пакети со храна, средства за хигиена, ќебиња – тргна првичната хуманитарна помош од Црвениот крст за Турција. Организацијата повика да не се донираат стари работи зашто треба да се запазат минималните пропишаните стандарди. Досега собрани над 25 милиони денари...

Од логистичкиот центар на Црвениот крст во Скопје тргнаа првите камиони за помош на населението во погодените региони од земјотресот во Турција. Пакетите со храна, средства за хигиена и ќебиња ќе бидат испорачани во Газиантеп. Турскиот амбасадор се заблагодари на поддршката и солидарноста, рече дека засега нема потреба од дополнителни спасувачки екипи на терен.

Црвениот крст испрати апел до луѓето коишто сакаат да помогнат, повика да не донираат стари работи, зашто е потребно да се задоволат минимум пропишаните стандарди. Барање и до оние кои доброволно се занимаваат со хуманитарна работа да бидат во постојана комуникација со Црвениот крст.

Промената е сликата и на централниот плоштад, каде изминативе денови се собираше помош, но и каде што завршија купишта стари и неупотребливи работи.

 

Александра Максимовска