Македонија

ДКСК: Службени возила во Министерството за животна средина не се употребувале според Правилникот

14.02.2023 14:52

Вицепремиерката Грковска која по нивната претставка одговорила дека не се истражен орган, ја потсетија за одговорноста за постапување според кодексот.

Антикорупционерите утврдија дека не биле користени домаќински возилата и другите ресурси на располагање на Министерството за животна средина и просторно планирање. За нив се неприфатливи наводите во извештајот на ресорот дека не можат да утврдат дали автомобилите се употребувани според Правилникот.

Вицепремиерката Грковска која по нивната претставка одговорила дека не се истражен орган, ја потсетија за одговорноста за постапување според кодексот.

Претходно, вицепремиерката Грковска потврди дека констатирале повреда на етичкиот кодекс од страна на министерот Бујар Османи поради злоупотреба на службени возила.

Антикорупционерите со критика и за непостапувањето во однос и на други прекршувања, како оние со министрите за здравство поради неколкукратни назначувања на в.д. директори на здравствени установи.

Фиљана Кока