Кривичен суд

Поранешниот директор на Царинската управа, Драган Даравелски доби ново судење

14.02.2023 16:32

Откако на 10-ти јануари беше уапсен по меѓународна потерница и спроведен во затвор, Kривичниот суд соопшти дека на Драган Даравелски повторно ќе му се суди...

Откако на 10-ти јануари беше уапсен по меѓународна потерница и спроведен во затвор, Kривичниот суд соопшти дека на Драган Даравелски повторно ќе му се суди.

Тоа го дозволи и апелација. Судот се повика на Европската конвенција според која, кривична постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори ако го побарал тоа бранителот.

Поранешниот директор на Царината беше осуден во отсуство на седум години казна затвор. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра.