„Четврток“ на Манчевски награден на УСА филм фестивал
„Четврток“ минатата недела беше финалист на американскиот национален натпревар за најдобар краткометражен филм на 44-тото издание на фестивалот кој се одржува во Далас, Тексас кој освои награда на УСА Филм Фестивал-от.

„Секоја година, има многу филмови за кои сметаме дека се вредни за признание поради трајниот впечаток што го создаваат, а вашиот филм беше прекрасен пример за тоа“, се вели во образложението. „Четврток“ не беше планиран за награди. Сакав да видам дали можам во 90 секунди да набијам доволно прикаска и емоција да те погоди во стомакот, како во едно добро хаику, изјави Манчевски.
Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематограф е Уна Ли, монтажер e Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.
