Греено вино и позитивното дејство на здравјето

14.02.2023 16:55

Грееното вино, познато кај нас и како варено вино, е одличен пијалак за да се згреете и расположите во студените зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете и да не се напиете уште една голтка.

Грееното  вино  делува како течен антиоксиданс и го штити срцето и крвните садови.Тоа е напивка која може да се користи за ублажување на симптомите на настинки ,болки во грло и кашлица поради антивирусното дејство.  Содржи и витамин ц и може да ја намали покачената телесна температура, го зајакнува имунитетот. Грееното вино, познато кај нас и како варено вино, е одличен пијалак за да се згреете и расположите во студените зимски денови. Аромата којашто му ја даваат зачините е карактеристична и примамлива, па тешко можете да му одолеете и да не се напиете уште една голтка.

Најчесто се приготвува од црвено вино кое е зачинето со стапчиња цимет, каранфилчиња, ванила, портокал или лимон, а за уште подобар вкус се додава и шеќер или мед. Секогаш се служи топло.

Грееното вино е многу популарно во Европа. Совршено е за да го изненадите вашето друштво, затоа што не е скапо за приготвување,  и  за тоа се препорачува   да не е скапа сорта . Освен тоа го исполнува воздухот со пријатен мирис кој никого не остава рамнодушен.

Постојат многу различни рецепти и методи за приготвување на греено вино. Некои луѓе прво го загреваат виното, па потоа ги додаваат зачините. Други, прво го ставаат шеќерот и зачините во мала количина вода и откако ќе повријат заедно неколку минути, го додаваат виното. Трети, пак, ги ставаат сите зачини во газа и заедно со шеќерот ги додаваат во виното, го загреваат виното неколку минути, а пред сервирање ја вадат газата од виното.

Постојат многу  рецепти за греено вино,најважно е  да не зоврие,на 80 степени да се тргне од оган и да се пие топло. Вие можете да го прилагодите според вашиот вкус и да додадете портокал,стапчиња цимет.каранфилчиња,дафинов лист-искинат на парчиња,изрендано морско оревче,шекер по вкус,бренди или  ликер од портокал...

Катерина Стојановска Десковска