МВР

Спасовски на средба со Делегација на Советот на Европа

14.02.2023 17:37

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со државната секретарка Магдалена Несторовска и членовите на работната група од Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда остварија работна средба со Делегација на Советот на Европа, предводена од Николаос Ситаропулос – раководител на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот Суд за човекови права...

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со државната секретарка Магдалена Несторовска и членовите на работната група од Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда остварија работна средба со Делегација на Советот на Европа, предводена од Николаос Ситаропулос – раководител на Одделот за извршување на пресудите на Европскиот Суд за човекови права.

На средбата министерот Спасовски истакна дека членството во ЕУ е стратешка определба на Република Северна Македонија, потенцирајќи дека евидентни се заложбите за постигнување на зацртаните цели во областа на владеењето на правото преку зајакната борба против организираниот криминал, корупцијата, безбедносните реформи, како и реформата на јавната администрација и правосудството.

Министерот Спасовски потенцираше дека заради целосно надминување на утврдените повреди и недостатоци, беа направени потребните измени на Законот за полиција. „Новиот закон пропишува нови електронски евиденции, јасно ги утврдува случаите во кои се бришат податоците кои ги води полицијата и ги дополнува роковите за чување на податоците за новите евиденции на Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења“, рече министерот Спасовски, додавајќи дека во однос на донесувањето на подзаконски акти, формирана е Работна група која изготви предлог текст за изменување на Правилникот за содржината и начинот на водење на евиденциите на полицијата, како и тоа дека правилникот е доставен на мислење во Секретаријатот за законодавство со цел негово донесување.