Романија
Нов земјотрес во Романија
14.02.2023 16:30
Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер попладнево ја погоди Романија...

Земјотрес од 5,7 степени по Рихтер попладнево ја погоди Романија. Оштетени се згради. Потресот беше почувствуван нешто по 14 часот и во Македонија, Србија и Бугарија.
Од сеизмолошката опсерваторија наведоа дека епицентарот бил на 365 километри од Скопје. Во Романија и вчера беше регистриран земјотрес.
