Дебата за проширувањето во Европскиот парламент
Европскиот парламент и Комисија сакаат да го зачуваат интересот за политиката на проширување со земјите од Западен Балкан. За ова попладнево се дебатираше и на сесијата за пратенички прашања во Стразбур. Бугарските европратеници имаа прашања...

Бугарските европратеници Андреј Ковачев и Александер Јорданов му се пожалија на комесарот Оливер Вархеји на според нив дискриминацијата на која се изложени македонските Бугари, како и на инцидентите кои се случија околу прославата на годишнината на раѓањето на Гоце Делчев.
„Дали можете да потврдите дека покрај промените на Уставот, исто така е и исполнувањето на договорот од 2017 година и на двата протоколи за да започнат преговорите со Северна Македонија?“-праша Андреј Ковачев.
„Да можам да потврдам, дека во рамките на преговорите тие се дел, исто како и за Преспанскиот договор. Комисијата го следи ова тоа е дел од општите критериуми. Тоа што го видовме на 4- ти февруари не е нешто што охрабрува. Лидерите на двете земји се сложија за заедничка прослава, за жал оваа година тоа не беше успешно. Идната година ќе има заедничка прослава и ќе ја видиме владината делегација на Софија да биде угостена во Скопје. Се надевам дека тоа ќе се случи без настани како тие на границата“, одговори Оливер Вархеји.
Холандската пратеничка Тинеке Стрик само побара Бугарија повеќе да не поставува нови пречки на пристапниот процес на Северна Македонија кон ЕУ.
Тони Гламчевски
