ТУРЦИЈА – СИРИЈА

Бројот на загинати во Турција и Сирија надмина 41 илјада

15.02.2023 09:19

Спасувачките екипи неуморно трагаат по преживеани. Претседателот Ердоган изјави дека е неопходно да се воведат построги правила во изградбата на зградите...

Бројот на загинати во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија надмина 41 илјада. Околу 100 илјади се повредени. За спасувачките операции се мобилизирани 235 илјади луѓе. Спасувачките екипи неуморно трагаат по преживеани. Претседателот Ердоган изјави дека е неопходно да се воведат построги правила во изградбата на зградите.

Во Сирија спасувачката организација „Бели шлемови“ најавува крај на потрагата на северозападот на земјата. Отворени сè уште два гранични премини за хуманитарна помош. Достава има и во Дамаск каде се пратени медицински материјали испратени од УНИЦЕФ и Светската здравствена организација.