САД

Американски авиони-ловци пресретнаа руски воени авиони во близина на Алјаска

15.02.2023 09:22

Леталата останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор...

Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка. Според НОРАД, во понеделникот биле забележани тешки бомбардери Ту-95 и ловци Су-35.

Леталата останале во меѓународниот воздушен простор и не влегле во американскиот или канадскиот суверен воздушен простор. Во соопштението се истакнува дека слична руска активност се забележува редовно и не се смета за закана или провокативна активност.