НОВ ЗЕЛАНД
Во Нов Зеланд се проценува штетата од циклонот „Габриел“
15.02.2023 09:22
Невремето отсече цели градови, уништи фарми, мостови и усмрти и добиток...

Циклонот „Габриел“ ослабна и се оддалечи од Нов Зеланд, а островот почна да ја проценува штетата предизвикана од поплавите, свлечиштата и силните ветрови во кои загинаа три лица, а илјадници беа принудени да ги напуштат своите домови.
Невремето отсече цели градови, уништи фарми, мостови и усмрти и добиток. Властите прогласија национална вонредна состојба, само третпат во својата историја.
