Европски парламент

Жестоки реакции на коментарите за еврокомесарот Вархеји во Европскиот парламент

15.02.2023 11:53

Жестоки реакции за коментарите на еврокомесарот Вархеји во Европскиот парламент, на пленарната седница во Стразбур посветена на Западен Балкан, даде недоличен коментар за колегите без да забележи дека сè уште е озвучен, се бара негова оставка. Вархеји објави изјава во која тврди дека станува збор за недоразбирање...

Унгарските европратеници бараат оставка од комесарот за проширување Оливер Вархеји, откако членовите на Европскиот парламент ги нарече „идиоти“. По репликите во дебатата за Западен Балкан на пленарната седница во Стразбур, тој заборави да го исклучи микрофонот така што колегите можеа да слушнат како тој на унгарски коментира „Уште колку идиоти има“, алудирајќи на списокот со политичари кои треба да одржат говор.

„Демократска коалиција“ – опозициската партија на неговата земја, веќе издаде соопштение во кое бара итна оставка. Социјалдемократот Сандор Ронаи изјави, „Неистомислениците во Европарламентот не ги нарекуваме идиоти“.

Вархеји даде изјава во која се правда дека инцидентот е недоразбирање и коментарот бил дел од приватен разговор, а не се однесувал на колегите.

„Комесарот Вархеји даде изјава со извинување. Претседателката очекува сите членови на колеџот, да покажат целосна почит за институциите и членовите и таа е известена за извинувањето и објаснување на Вархеји. Тој се извинува и кажува дека не сакал да навреди никого, особено не член на Европарламентот. Тој изјави дека водел приватен разговор“, изјави Ерик Мамер – портпарол на ЕК.

Во јануари, социјалдемократската група побара истрага, обвинувајќи го за, како што велат „намерно поткопување на фокусот на реформите на демократијата и владеењето на правото во земјите-кандидатки за влез во ЕУ“, особено во однос на Србија. Од Фидес, владејачката партија на Унгарија која го номинираше за комесар, ги отфрлија обвинувањата и рече дека се води „политичка кампања“.

 

Маја С.Филдишев