Надојдените води се повлекуваат- нема опасност од поплави
05.05.2014 11:13
Обилните врнежи во одредени региони поплавија земјоделски површини, но не предизвикаа посериозни последици...

Состојбата со водотеците и со акумулациите е стабилна на целата територија на Република Македонија. Надојдените води се повлекуваат, а дополнително стабилизирање се очекува со оглед на најавите за намалување на врнежите, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Од таму посочуваат дека екипите се постојано присутни на терен и ја следат состојбата.
Обилните врнежи во одредени региони поплавија земјоделски површини, но не предизвикаа посериозни последици врз патиштата, станбените и деловните објекти, велат од дирекцијата за заштита и спасување.
Во Куманово се излеа реката Кумановка, а кај селото Доброше се полавени 20 хектари земјоделска површина. Од излевањето на Злетовка кај Ново- селани се поплавени оризови полиња.
Зголемено е нивото на реките и водотеците и во Радовиш, но надлежните уверуваат дека ситуацијата е под контрола.
Доколку состојбата со поплавите се влоши Дирекцијата за заштита и спасување ќе ангажира дополнителна градежна механизација од фирмите со кои има склучено договори, по предходна одлука на Владата на Република Македонија.
