ФЗОМ

Рачно ќе се изработуваат платите на вработените во здравство

15.02.2023 12:48

Од Синдикатот на Клинички велат, добиле ветување од Фондот за здравство дека плата ќе има во понеделеник, изнајмена била приватна фирма...

Здравствените работници останаа без јануарската плата иако измина законскиот рок за исплата до 15-ти во месецот. Од Синдикатот на Клинички велат, добиле ветување од Фондот за здравство дека плата ќе има во понеделеник, изнајмена била приватна фирма, платите на здравствените работници и боледувањата се работат рачно.

Претседателот на синдикатот Горан Беговиќ, за МТВ додава дека ќе почекаат до понеделник, доколку платата не се исплати до крајот на работното време, одборот ќе одлучи какви мерки ќе се преземат.

Од Фондот за здравство вчера уверуваа дека се работи на отстранување на проблемот и дека во следните денови системот постепено ќе се враќа во функција.