Драган Даравелски пуштен на слобода
Драган Даравелски е пуштен на слобода. Поранешниот директор на Царина осуден на седум години затвор за злоупотреба на службената положба, добил позитивен одговор на барањето за повторување на судењето...

Драган Даравелски е на слобода, за МТВ потврди директорот на Управата за извршување санкции, Јовица Стојановиќ. Ваквата одлука доаѓа откако Кривичниот суд соопшти дека повторно ќе му се суди. Судот се повика на Европската конвенција.
Даравелски беше осуден со правосилна пресуда во мај 2007 година на 7 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според пресудата од 2007-ма, Даравелски го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра. Пресудата беше потврдена и од Апелациониот суд Скопје во март 2008 година, по што стана правосилна, но Даравелски не заврши во затвор зашто беше во бегство.
На 10 јануари беше уапсен по меѓународна потерница на граничниот премин „Табановце“ и спроведен во затвор.
