Недела на медицинските сестри

05.05.2014 11:18

Здружението на медицински сестри, акушерки и техничари „Славјанка Бахчева“ од денеска до 12 мај ќе ја одбележи Неделата на медицински сестри.

Со едукативни работилници и предавања да се подигнат стандардите за здравствена нега на сите полиња.

Новитетите во концептот на работа, како и идните планови за развој на вокацијата -медицинска сестра ќе бидат дел од темите на овие работилници.

Во соработка со клиниката „Аџибадем Систина“ ќе се одбележи Неделата на медицински сестри.