МПЦ

Чешката црква ја призна МПЦ како Православна црква на Северна Македонија

15.02.2023 14:05

Светиот синод на црквата на Чешката Република и на Словачка ја признаа автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“...

Светиот синод на црквата на Чешката Република и на Словачка ја признаа автокефалноста на „Православната црква на Северна Македонија“, објави порталот „Ортодокс-тајмс“.

Во објавата на синодот стои дека „биле информирани за писмата на вселенскиот патријарх Вартоломеј за обновувањето на евхаристичката заедница со епархиите на Северна Македонија, како и за писмата на српскиот патријарх Порфирије за реинтеграција на црквата во Северна Македонија во канонската структура на православната црква на Србија и за давање автокефалност на православната црква во Северна Македонија со томосот на 20 мај 2022 година“.