Прилеп: Кавга за превозот, учениците без настава
Повеќе од 200 ученици останаа без превоз од прилепското медицинско училиште. Директорката на училиштето смета дека е незаконски да се продолжи ланскиот договор пред да се спроведе јавната набавка, а прилепската локална самоуправа бара оставка. Повикан е Државниот просветен инспекторат на контрола...

Над 200 ученици од 50-тина населени места немаат организиран превоз за следење на наставата во прилепското средно медицинско и козметичко училиште „Ѓорче Петров“. Училиштето смета дека е незаконски да се потпише вториот анекс на договорот од ланската учебна година, понуден од општината по неговото завршување.
Не е завршена јавната набавка за оваа година и се крши законот. Вториот анекс што го потпишале другите четири средни училишта е незаконски зашто нема дозволени средства за користење.
Директорката на училиштето со апел до родителите ако може да им обезбедат превоз на своите деца додека заврши огласот за јавни набавки. Од локалната самоуправа преку соопштение бара оставка од првиот човек на училиштето поради несоодветно менаџирање и неводење грижа за учениците.
Сите, пак, бараат контрола од Државниот просветен инспекторат. Учениците чекаат превоз.
Елизабета Митреска
