Собрание

Трет ден расправа за владината реконструкција

15.02.2023 15:06

Во Собранието спротивставени ставови на власта и опозицијата. Трет ден се кршат копјата околу новиот владин состав. Се уште се дебатира за разрешувањето на министрите и замениците...

Обвинувања меѓу пратениците од власта и опозицијата, реплики и контрареплики на продолжувањето на собраниската расправата за предлогот на премиерот Ковачевски за разрешување на министрите од Алтернатива.

На првите во фокусот им се постигнатите резултати и европскиот пат, вторите пак со обвинувања за пазарење и корупција и барање на предвремени избори. ВМРО-ДПМНЕ побара присуство на присуство на премиерот Ковачевски на седницата, а посочија и дека Алијанса за Албанците се како спасувачка гума за одржување на власта.

Непочитување на договореното во коалицијата на СДСМ и ДУИ, го почувствуваа еднаш БЕСА и сега по втор пат Алтеранитива. СДСМ пак со став дека не е време за избори и дека Алијанса го препознала моментумот за европската иднина на земјата.

Алијанса за Албанците како доскорешен критичар на власта, одлуката за влез во Владата ја правда со како што велат, нивниот непроменет став за борба против корупцијата. За БЕСА пак нивните говори и наводните дела не кореспондираат со реалноста.

Неизвесно е кога ќе заврши расправата за разрешувањето на министрите, бидејќи покрај дискусиите на пријавените пратеници, следуваат и реплики и контрареплики.

Марина Стојанова Тонева