Украина
Продолжуваат битките на истокот на Украина
15.02.2023 16:03
Жестоки битки на истокот на Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците се повлекле пред руските напади во регионот на Луганск...

Жестоки битки на истокот на Украина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците се повлекле пред руските напади во регионот на Луганск.
Нивните војници пробиле две утврдени линии на украинската одбрана. На вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, украинскиот претседател Зеленски вели дека Москва брза да постигне што е можно повеќе пред Киев и сојузниците да соберат сила.
Побара од меѓународната заедница да ја забрза воената помош.
