Американски летала над Кина, Пекинг се закани со противмерки
Американски балони за надзор, на големи височини прелетале над кинеските провинции Ксинџијанг и Тибет. Од Пекинг се заканија дека ќе преземат мерки против американските ентитети кои го загрозуваат кинескиот суверенитет...

Американски балони за надзор, на големи височини прелетале над кинеските провинции Ксинџијанг и Тибет. Од Пекинг се заканија дека ќе преземат мерки против американските ентитети кои го загрозуваат кинескиот суверенитет.
Тензиите меѓу САД и Кина се во нова фаза по соборувањето на кинески шпионски балон минатата седмица над морето крај Јужна Каролина.
Кина соборувањето го оцени како „претерана“ реакција од САД која има цел да ги влоши билатералните односи, и посочи дека американски балони изминатите години повеќепати биле забележувани над кинеската територија.
