МВР

Дојави за бомби во скопски и прилепски училишта

15.02.2023 16:21

На електронска адреса на 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР...

На електронска адреса на 16 училишта во Скопје и четири во Прилеп денеска е упатена закана за поставена експлозивна направа, информираат од МВР.

Преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, во тек се антитерористички проверки.

Вчера беше испратена закана на приватни електронски адреси на 14 професори од скопската гимназија „Никола Карев“, а по завршување на потребните проверки Министерството за внатрешни работи информираше дека е лажна дојавата за бомба.