Воен конфликт

ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија

15.02.2023 17:48

Покрај Русија цел на санкциите ќе бидат и седум ирански организации поради набавката на беспилотни летала што се користат во нападите врз Украина...

ЕУ го воведува десеттиот пакет санкции против Русија кои го опфаќаат банкарскиот сектор, напредните технологии, како и речиси 100 поединци и субјекти. Цел на санкциите ќе бидат и седум ирански организации поради набавката на беспилотни летала што се користат во руските напади врз Украина.

Во меѓувреме, жестоки битки на истокот на фронтот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украинците се повлекле пред руските напади во регионот на Луганск.

На вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Украинскиот претседател Зеленски побара од меѓународната заедница да ја забрза воената помош.