Македонија
Пендаровски и вработените во Кабинетот ќе земат плата наредниве денови
15.02.2023 15:20
Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека е најдено решение помеѓу институциите за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот за месец јануари...

Од Кабинетот на Пендаровски информираат дека е најдено решение помеѓу институциите за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот за месец јануари.
Платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5% за административните службеници во Кабинетот.
Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година.
Претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати соопштуваат од кабинетот на Пендаровски.
