Европски парламент

Усвоен договорот ФРОНТЕКС-Северна Македонија

15.02.2023 16:10

Европскиот парламент со 511 гласови за, 104 против и 20 воздржани го одобри договорот за Статутот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија...

Европскиот парламент со 511 гласови за, 104 против и 20 воздржани го одобри договорот за Статутот меѓу Европската унија и Република Северна Македонија за дејствијата што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража на територијата на Северна Македонија, со што овој договор ќе може да стапи на сила.

Потпишувањето на договорот долго време беше одолговлекуван од страна на Бугарија, околу споменувањето на македонскиот јазик, кој сепак на крајот се наведува во договорот, како еден од јазиците на ФРОНТЕКС. Договорот е потпишан на 26-ти септември 2022 година во Скопје.