МВР

Лажни се и денешните дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп

15.02.2023 19:49

Денешните дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи, доцна попладнево завршиле проверките во објектите.

Денешните дојави за бомби во училишта во Скопје и Прилеп се лажни, соопшти Министерството за внатрешни работи, доцна попладнево завршиле проверките во објектите.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска во 18.30 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и во Прилеп по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, велат од МВР.