Украина

Соборени руски балони над Киев

15.02.2023 21:01

Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина...

Шест руски балони се забележани над Киев, а повеќето од нив се соборени со противвоздушни ракети, соопшти денеска воената управа на главниот град на Украина.

Во соопштението објавено на апликацијата за пораки и вести Телеграм, властите во Киев рекоа дека балоните можеби носеле аголни рефлектори и опрема за извидување, пренесува Ројтерс.