Собрание
Продолжува собраниската распарава за реконструкција на Владата
16.02.2023 08:20
Пратениците четврти ден ќе расправаат за разрешување на тројцата министри од Алтернатива...

Собранието денеска ќе ја продолжи 104-та седница на која четврти ден ќе се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. На дневен ред се и Предлогот за избор на членови на Владата, Предлогот за разрешување заменици министри и Предлогот за именување заменици министри.
Во изминатите три дена пратениците од власта и опозицијата полемизираа за политиките на Владата. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците.
За Алијанса за Албанците влезот во владејачката коалиција е поради европската иднина на државата.
