НДП ќе го врати единствениот пратенички мандат
05.05.2014 11:28
Привремениот совет, кој раководи со Националната демократска преродба откако лидерот Руфи Османи поднесе оставка, донел одлука партијата да го врати единствениот мандат освоен на предвремените парламентарни избори.

Овој став го потврдиле и во Централното собрание на НДП со оглед на тоа дека за партијата последните избори немале легитимитет.
Изјави дека се откажуваат од мандатот треба да поднесат и сите кандидати на листата на НДП во 6-тата изборна единица, кои би можеле да го наследат местото на избраниот пратеник, доскорешниот лидер Руфи Османи. Османи и останатите кандидати во рок од три дена треба одлуката за оставка да ја поднесат до седиштето на ДИК, се наведува во соопштението.
