Тексас
Пукање во трговски центар во Ел Пасо во Тексас има жртви
16.02.2023 09:18
Едно лице загина, а тројца се повредени во пукотница што во трговски центар во градот Ел Пасо...

Едно лице загина, а тројца се повредени во пукотница, во трговски центар во градот Ел Пасо. Двајца осомничени се приведени, а властите велат дека повеќе нема опасност за јавноста, двајца од повредените наводно се во критична состојба.
Полицијата претходно соопшти, дека пукале во ресторанот во центарот на градот. На социјалните мрежи се појавија многу видеа од местото на настанот на кои се гледа, како луѓето панично трчаат низ трговскиот центар, а некои се кријат од напаѓачите внатре.
