Состанок на мешовитата бугарско-македонска комисија
Во Софија денеска и утре состанок на мешовитата бугарско-македонска историска комисија. На последната средба пред 3 месеци, главна тема беше охридската архиепископија...

Во Софија денеска и утре состанок на мешовитата бугарско-македонска историска комисија. На последната средба пред 3 месеци, главна тема беше Охридската архиепископија и начинот на кој таа е претставена во учебниците за седмо одделение во Македонија.
Договор немаше поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото, според македонскиот копретседавач Ѓоргиев, последните случувања во македонско-бугарските односи влијаат и на нејзината работа.
За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев и за другите спорни прашања, тој смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е комисијата да работи спокојно и мирно. Досега мешовитата комисија постигна договор да препорача заедничко чествување за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самуил.
Усвоени се и препораки за петти клас во бугарскиот и за шесто одделение во македонскиот образовен систем.
